Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2016

Пеп го пречкрта Јаја Туре

Експедицијата на Манчестер сити во Букурешт ќе патува без Јаја Туре во последното коло од квалификациите за Лигата на шампионите во Букурешт.

Пеп Гвардиола го одбра составот од 21 играч, а меѓу нив го нема Јаја Туре.
Туре, исто така, не беше ниту во составот на Манчестер сити на средбата против Сандерленд во првиот натпревар од шампионатот, па медиумите со право се прашуваат уште колку фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска ќе биде во дресот на „граѓаните“.
Покрај него, Сане е повреден, а изоставени се и Бони, Насри и Мангала, коишто не се во плановите на Пеп Гвардиола.
Исто така, место немаше ниту за белгискиот стопер Џејсон Денајер, кој најверојатно ќе го напушти клубот.

Најнови вести