Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2016

Јаја Туре го напушта Сити

Агентот на Јаја Туре, Димитри Селук, потврди дека играчот за врска ќе го напушти Манчестер сити на крајот на сезоната.

Неодамна Селук најави ваков расплет на ситуацијата, откако ја истакна недоволната ангажираност на Сити во врска со разговорите околу новиот договор.
„Имаме многу понуди и ги ставаме на вага, сè уште не е донесена одлуката каде ќе продолжи, но можам да потврдам дека парите не се пресудни за изборот. Најдобриот клупски проект ќе биде нашиот избор. Туре го напушта Сити“, изјави Селук.
Туре веќе со години е носител на играта во Сити, оваа сезона постигна осум голови со седум асистенции на 39 натпревари.
Последните месеци во главно се шпекулираше околу интересот на Интер за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.

Најнови вести