Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2015

Пелегрини: Разочарувачки, не заслуживме пораз

Мануел Пелегрини, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека поразот од Јувентус во првото коло од Лигата на шампионите е разочарувачки.

Англискиот тим беше поразен од италијанскиот шампион на својот стадион со 2-1 по пресвртот креиран од Манџукиќ и Мората.
„Разочарувачки. Мислам дека не заслуживме да изгубиме. Имавме подобри шанси и игравме подобро. Ова беше типичен натпревар на Лигата на шампионите, екипите не создаваа многу шанси, но ние повеќе ја поседувавме топката. Тоа не беше тактички проблем, Јувентус постигна два убави гола“, изјави Пелегрини.
Јаја Туре изјави дека смета дека Јувентус имал повеќе среќа на овој натпревар.
„Мислам дека италијанскиот тим добро се бранеше и мислам дека имаа убава вечер. Мораме да бидеме силни и да пробаме да закрепнеме за следниот натпревар. Пропуштивме многу шанси. Мораме да научиме нешто од ова и да се обидеме да бидеме подобри“, изјави Јаја Туре.

Најнови вести