Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2016

Гвардиола уште не е дојден, а Туре веќе се спакува

Фудбалерот на Манчестер сити Јаја Туре ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, изјави неговиот агент.

„Мислам дека Туре ќе го напушти Манчестер сити, се надевам дека пред заминувањето со клубот ќе ја освои Премиер лигата и сите купови на кои учествува. Не е прашање дали Пеп Гвардиола го сака или не. Знаете тоа е животот “, изјави агентот Димитри Селук.
Манчестер сити вчера објави дека сегашниот тренер Мануел Пелегрини на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, а веќе е потпишан тригодишниот договор со Гвардиола.
Туре во 2010 година ја напушти Барселона откако Гвардиола, тогашен тренер на каталонскиот клуб, му даде предност на Серхио Бускетс.
„Пеп може да го повика Туре и да му каже дали смета на него или не. Јаја го освои секој трофеј во Англија без Гвардиола, а дали Гвардиола ќе ги освои трофеите без Туре?“, изјави Селук.
Тој додаде дека Гвардиола немал храброст да остане во Барселона.
„Мислам дека секој кој има храброст ќе биде покрај клубот. Нема да биде тука само кога е добро, туку и кога е лошо“, изјави Селук.
Италијанските медиуми веќе почнаа да шпекулираат околу заминувањето на Туре во Интер и неговото спојување со некогашниот тренер на Манчестер сити, Роберто Манчини.

Најнови вести