Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2015

Јаја: Останав само поради Пелегрини

Јаја Туре, фудбалерот на Манчестер сити, изјави дека минатото лето не го напуштил клубот првенствено поради менаџерот Мануел Пелегрини.

За врвниот играч од средината на теренот беше заинтересиран Интер од Милано, а и тој самиот повеќе пати изјави дека му е доволно од животот во Англија.
„Во Сити останав поради Пелегрини. Тој секогаш разговара со мене, ме советува и ги разбира сите аспекти на мојот живот надвор од фудбалот. Оваа сезона мораме да освојуваме трофеи, сите во тимот зборуваат за тоа. Мораме да ги освојуваме поради менаџерот и навивачите“, изјави Јаја Туре, а пренесува „Дејли мејл“.
По десет одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер сити е лидер на табелата со 22 бода, колку што има и второпласираниот Арсенал, а успешен е и во Лигата на шампионите, каде што моментно е втор во групата Д зад Јувентус.

Најнови вести