Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2018

Туре си оди од Сити на крајот на сезоната

Јаја Туре на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер сити, вчера потврди Пеп Гвардиола, менаџерот на „граѓаните“.

На искусниот играч за врска во јуни му истекува договорот, па по осум години ќе го напушти „Енфилд роуд“.
„Јаја дојде овде кога почна целата оваа авантура. Овде сме поради сето она што го направи за клубот. Не смееме да го заборавиме периодот на Роберто Манчини и посебно на Мануел Пелегрини, кога Јаја беше клучен играч на тимот. На натпреварот со Брајтон ќе му го дадеме она што го заслужува, најубавото можно поздравување за еден играч“, изјави вчера Гвардиола. 
Натпреварот меѓу Манчестер сити и Брајтон се игра во среда.

Најнови вести