Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2015

Сити без Компани, Харт и Туре против Менхенгладбах

Винсан Компани, Џо Харт и Јаја Туре, фудбалерите на Манчестер сити, би можеле поради повреда да го пропуштат натпреварот со Менхенгладбах во Лигата на шампионите.

Сити добро ја почна сезоната, но изгуби три од последните четири натпревари во сите натпреварувања.
Екипата на Мануел Пелегрини во саботата на „Вајт харт лејн“ изгуби во првенствениот натпревар против Тотенхем со 4-1, а тој дуел го пропуштија: Давид Силва, Фабијан Делф, Вилфрид Бони, Гаел Клиши, Келечи Ихеаначо, како и капитенот Винсан Компани, кој поради проблеми со тетивата, се повлече од екипата пред почетокот на натпреварот.
Првиот голман Џо Харт беше на клупата поради проблеми со грбот.
„Џо во текот на седмицата имаше проблеми со грбот. Тренираше само еден ден од оваа седмица и поради тоа бранеше Вили Кабалјеро. Џо не беше сто отсто подготвен. Јаја има проблеми со тетивата. Не знам дали и тие ќе бидат подготвени, мора да причекаме до понеделник и да видиме“, изјави Мануел Пелегрини, тренерот на Манчестер сити за британските медиуми.
„Мислам дека Компани нема да биде подготвен за во среда“, додаде Пелегрини.

Најнови вести