Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2013

Барош го напушти Галатасарај

Милан Барош, 31-годишниот чешки репрезентативец, ги напушти редовите на турскиот гигант Галатасарај по взаемниот договор за раскинување на соработката.

„Двете страни најдоа најдобро решение во моменталната ситуација. Сега можеме да седнеме со Милан и да поразговараме за неговата иднина“, рече агентот на Барош, Павел Паска.
Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Барош, иако чешките медиуми наведуваат дека најверојатна опција е враќање во матичниот клуб Бањик Острава или преминување во Катар или Русија.
Барош за Галатасарај играше од 2008 година и беше најдобар стрелец на турското првенство во сезоната кога дебитираше. Пред Галатасарај играше за: Ливерпул, Астон Вила, Лион и кратко за Портсмут.
Раскинувањето на неговиот договор со клубот од Истанбул се случи откако во него дојде Дидие Дрогба, напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, кој потпиша 18-месечен договор.

Најнови вести