Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2014

Повреда на Дрогба, го пропушта стартот на сезоната

Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба, се повреди на првиот натпревар по враќањето во лондонскиот клуб.

Челзи на пријателски натпревар со пресврт го победи Ференцварош во Будимпешта со 2-1, а Дрогба во 27-та минута доживеа повреда на скочниот зглоб.
Дрогба лошо доскокна во шеснаесетникот на противникот во обидот да смири една долга топка и остана да лежи на тревата. 
Веднаш ја напушти играта, а денешните прегледи покажаа дека се работи за истегнување на лигаментите на скочниот зглоб, по што пред искусниот напаѓач е пауза од две до три седмици.


Најнови вести