Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2014

Дрогба се врати во Челзи

Дидие Дрогба се врати во Челзи и потпиша договор со „сините“ на една година.

Напаѓачот претходно од 2004 до 2012 година одигра 341 натпревар за лондонскиот клуб и постигна 157 голови.
„Ова беше лесна одлука. Не можев да ја одбијам шансата повторно да работам со Жозе“, изјави Дрогба.
„Сите знаат дека имам посебен однос со овој клуб и секогаш имав чувство дека ова е мојот дом. Мојата желба за победи е иста како и порано и се радувам што ќе можам да му помогнам на тимот. Возбуден сум поради новото поглавје во кариерата“, додаде Дрогба по потпишувањето на договорот.
Жозе Мурињо полека создава моќен тим на Челзи. Во составот се врати голманот Тибо Куртоа, а во клубот дојдоа Филипе Луис, Сеск Фабрегас и Диего Коста.

Најнови вести