Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2013

Дрогба дебитираше со гол и со асистенција

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба, дебитираше за турскиот гигант на фантастичен начин со гол и асистенција за победа од 2-1 против Акисар Беледиеспор.

Триесет и четиригодишниот напаѓач влезе во игра во 63 минута и му беа потребни само четири минути да постигне гол со глава и да ги доведе гостите во водство. Три минути подоцна Дрогба му асистираше на Бурак Јилмаз кој го постигна 12 првенствен гол сезонава. До крајот домаќините постигнаа гол во 85 минута, но не успеаја да стигнат до бод против големиот фаворит.
Дрогба минатата сезона го предводеше Челзи до првата титула во Лигата на шампионите по што потпиша за кинескиот клуб Шангај Шенхуа, но не беше задоволен на далечниот исток и по само шест месеци се врати во Европа. Кинезите пробаа да го оспорат трансферот, но ФИФА му даде зелено светло на Дрогба кој веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за турскиот шампион.

Најнови вести