Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2014

„Газета дело спорт“: Рома во преговори со Дрогба

Дидие Дрогба, напаѓачот на турскиот Галатасарај, налето кариерата би можело да ја продолжи во редовите на италијанската Рома, пренесе „Газета дело спорт“.

Весникот наведува дека претставници на римскиот клуб веќе воспоставиле контакт со менаџерите на фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска.
Дрогба во Галатасарај дојде во јануари минатата година, кога потпиша договор на година и пол.
Досега за турскиот клуб одигра 53 натпревари и постигна 20 голови, но фактот дека Галатасарај оваа сезона веројатно ќе остане без шампионската титула, го наведе Дрогба во потрага по нов тим.
Рома моментно е второпласирана во италијанската Серија А и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите по пауза од неколку години.

Најнови вести