Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2014

Дебитантот Рендл ја скрши ногата на стартот на сезоната во НБА-лигата

Џулиус Рендл, крилниот центар на Лос Анџелес лејкерс, ја скрши ногата во последната четвртина и веднаш беше пренесен во болница, каде што му била извршена хируршка интервенција.

Лос Анџелес го загуби првиот натпревар на стартот на новата сезона во НБА-лигата, на домашен терен беше поразен од тимот на Хјустон со 109-90, но покрај поразот, на средбата се повреди и дебитантот Џулиус Рендл.
Рендал ја скрши ногата во последната четвртина од натпреварот, во моментот кога се судри со двајца противнички играчи, по што веднаш беше пренесен во болница, каде што му бил извршен хируршки зафат. Деветнаесетгодишниот Рендл во екипата на Лос Анџелес стигна од Универзитетот во Кентаки.
„На крајот на натпреварот очигледно е дека не мислевме на кошарка, туку на Џулиус. Се надевам дека сè ќе биде во ред“, изјави Бејрон Скот, тренерот на Лос Анџелес лејкерс.

Најнови вести