Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2014

Заврши сезоната за Брајант

Коби Брајант, легендата на Лос Анџелес лејкерс, дефинитивно веќе нема да игра до крајот на сезоната.

Бекот на „езерџиите“ е надвор од теренот уште од 17-ти декември минатата година поради повреда на коленото, а пред тоа пропушти и 19 натпревари на својата екипа на самиот почеток на сезоната.
Порано во текот на денот беше најавено дека Брајант веројатно нема да заигра пред почетокот на наредната сезона, додека тоа сега е дефинитивно, иако во текот на ова седмица ќе направи уште некои медицински тестови.
Тимот со најмногу трофеи на НБА-лигата по Бостон има лоша сезона, дел и поради тоа што Брајант одигра само шест натпревари и постигна 13,8 поени, фати 4,3 топки и асистираше 6,3 пати по натпревар.
Лос Анџелес лејкерс го дели последното место во Конференцијата со скор 22-42, а ако остане така до регуларниот дел на сезоната, веројатно ќе добие еден од првите два пика на драфтот.

Најнови вести