Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2015

Тешка повреда на Коби Брајант

Коби Брајант, кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, заработи сериозна повреда на рамото и повторно ќе мора да паузира од теренот.

Триесет и шестгодишниот Брајант се повреди во натпреварот против Њу Орлеанс, а во прв момент се мислеше дека не станува збор за тешка повреда, но по лекарските прегледи беше констатирано дека се работи за кинење на мускулот во пределот на рамото, поради што од теренот ќе отсуствува подолго време.
„Прегледите покажаа дека Коби ќе мора да паузира подолго време поради кинење на мускулот во рамото, поточно во пределот на плешката. Тој ќе се врати во Лос Анџелес, каде што ќе му бидат извршени нови испитувања, по што ќе се знае колку долго ќе отсуствува од терените“, објави Лос Анџелес лејкерс.
Поради слична повреда, Пети Милс од Сан Антонио спарс од теренот мораше да отсуствува пет месеци, а ако тоа се повтори и со Коби Брајант, за него ќе биде завршена оваа натпреварувачка сезона.

Најнови вести