Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2013

Коби опериран, ќе паузира од шест до девет месеци

На Коби Брајант, кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, во саботата вечерта му беше извршена операција на скинатата Ахилова пета на левата нога, а се очекува дека ќе биде надвор од теренот од шест до девет месеци.

„Сè е исчезнато, така што мораше да се состави на операционата маса“, изјави долгогодишниот тренер на Лејкерс, Гери Вити.
Вити додаде дека Брајант по операцијата мора да биде имобилизиран меѓу 30 и 45 дена и дека дури потоа ќе почне закрепнувањето. Вити се надева дека Коби би можело, во најдобар случај, да се најде на теренот на почетокот на сезоната 2013/14.
Сепак, и покрај сето тоа, првата ѕвезда на Лејкерс не се предава и најави борба за враќање.

Најнови вести