Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2016

Коби во Олстар тимот за крај на кариерата

Ѕвездата на ЛА лејкерс, Коби Брајант успеа да собере најмногу гласови од кошаркарските фанови, за него гласаа 1.891.614 навивачи

Зад него на второто место се наоѓа Стефен Кари кој има помалку 200.000 гласови, па ветеранот ќе настапи на „натпреварот на сите ѕвезди“ пред на крајот на сезонава да се збогува со кошарката.
На претстојниот Олстар меч ќе кој ќе се одржи на 14-ти февруари во Торонто ќе настапи ѕвездата на  шампионот Стефен Кари, а Леброн Џејмс ќе го предводи тимот на „истокот“, за кого ова е 12-то учество, а ќе во тимот ќе биде и неговиот поранешен соиграч Двејн Вејд.
Во стартната петорка на Западната конференција Коби Брајант го има своето место, а тука се и Расел Вестбрук и Кевин Дурант од Оклахома сити. Место во стартната петорка имаат и Стефен Кари од Голден стејт како и Леонард од Сан Антонио спарс.
ВО тимот на Истокот се наоѓа и Кармело Ентони кој успеа да собере повеќе гласови од Пау Гасол, Кал Лори од Торонто доби предност пред Кајри Ирвинг од Кливленд, а петорката ја заокружи Пол Џорџ од Индијана пејсерс.

Најнови вести