Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2015

Лос Анџелес лејкерс ќе ги доведе Вилијамс и Бас

Лос Анџелес објави дека планира да ги ангажира Лу Вилијамс, најдобриот шести играч во минатата сезона, и Брендон Бас.

Вилијамс имаше просек од 15,5 поени во текот на минатата сезона и беше еден од најзаслужните што Торонто репторс дојдоа до рекордна франшиза од 49 победи.
Лос Анџелес планира да се засили на позицијата бек со другиот пик на драфтот, Д’Анџело Расел од Охајо стејт.
Бас просечно бележеше 10,6 поени на 82 натпревари во дресот на Бостон селтикс.
Договорите не може да бидат потпишани до четврток, но Мич Купчак, генералниот менаџер на Лејкерс, изјави дека клубот е при крај со преговорите со двајцата играчи и дека планира потпишување на договорот уште во петок.

Најнови вести