Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2012

Лав суспендиран на два меча

Кевин Лав, кошаркарот на Минесота тимбервулфс, е суспендиран на два меча забранет настап поради газење на Аргентинецот Луис Скола.

По оваа суспензија тимот на Рик Аделман ќе остане без услугите на крилниот центар во натпреварите против Сакраменто и Мемфис.
Покрај Лав, тренерот на Лос Анџелес лејкерс е казнет со 25.000 долари поради туркање на судијата Зак Зарба во мечот против Јута.
На Грег Оден, центарот на Портланд трејблејзерс, по четврти пат ќе мора да му биде извршена операција на коленото. Лекарите не прогнозираа кога ќе се врати на паркетот поранешниот прв пик на Портланд.

Најнови вести