Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2017

Јунајтед го продаде Депај за 25 милиони

Манчестер јунајтед успеа да го продаде Мемфис Депај речиси за истиот износ пари за којшто го купи.

Луис ван Хал го доведе земјакот за 30 милиони евра во летото 2015 година, а Жозе Мурињо му го продаде на Олимпик Лион за пет милиони помалку.
Депај не ги исполни очекувањата на „Олд Трафорд“, постигна само седум гола на 53 настапи, па на „Жерлан“ ќе се обиде да ја оживее кариерата од која многу се очекуваше.
Јунајтед во трансферот стави и две клаузули, според едната ќе добие пари од наредната продажба на Депај, а според другата ќе има право да го врати во своите редови.
Депај е втор играч којшто го продаде Мурињо оваа зима за 25 милиони евра, пред неколку дена тој го испрати Морган Шнедерлен во Евертон.

Најнови вести