Корисничко име Лозинка Пријави се
25.11.2015

Вориорси со нов рекорд - 16-0!

Голден стејт вориорс го соборија рекордот во НБА лигата остварувајќи 16 победи по ред од почетокот на сезоната па сè до сега.

Со убедливата победа над Лос Анџелес лејкерс со 111:77, моменталните шампиони го надминаа Вашингтон од 1948 и Хјустон од 1993 и нивниот рекорд од  15-0.
Тимот до овој историски триумф го предводеше Стефен Кари со 24 поени и 9 асистенции, а натпреварот беше решен по првиот период од 30:11 за Вориорс.
„ Овој рекорд е нешто посебно. Многу врвни играчи играа во оваа лига, многу големи тимови, а никој не успеа да го постигне ова. Мораме да бидеме горди. Малку ќе славиме, потоа одиме понатаму. Многу ни значи поддршката што ја добиваме од навивачите, ова се најдобрите навивачи во НБА лигата, тие постојано носат радост. Одлично е чувството да играш пред нив“, изјави Кари по натпреварот.
Дрејмонд Грин го следеше Кари со 18 поени и седум скокови, додека пак од редовите на клупата ги предводеше асистентот Лук Волтон, кој го заменуваше првиот тренер Стив Кер, кој ја пропушти оваа историска ноќ поради операција на грбот.
Од друга страна пак најлоша ноќ во својата кариера имаше Коби Брајант. Ѕвездата на Лејкерс погоди само еден од 14-те удари од игра и  натпреварот го заврши само со четири поени.
Неговите Лејкерси паднаа на 2/14, што е втор најлош резултат во лигата.

Најнови вести