Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2016

Вориорс се новите рекордери во НБА

Голден стејт вориорс го соборија рекордот на Чикаго Булс по бројот на победи во регуларната сезона на НБА лигата.

Вориорс со доминантен триумф над Мемфис гризлис со 125:104 ја завршија сезоната со скор 73-9, за победа повеќе отколку што имаше тимот на Мајкл Џордан во сезоната 1995/96.
Дека 13-ти април ќе остане во историјата на клубот од Оукленд беше јасно веќе во првата четвртина кога Стефен Кари уфрли три тројки и им донесе на Вориорс предност од +14.
На крајот на МВП лигата мечот заврши со 45 поени (10/19 за три, 5/5 два), 6 асистенции и 4 скока, и го помина и бојот од 400 тројки во сезоната.
Стефен Кари го пратеа Клеј Томсон со 16, Харисон Барнс со 15 поени, додека Демонд Грин беше на своето вообичаено ниво со 11 поени, 9 скокови и 7 асистенции. 

Најнови вести