Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2016

Коби Брајант вечерва го игра последниот натпревар

По 20 години, повеќе од 30.000 поени, 6.000 асистенции, пет титули и многубројни рекорди, Коби Брајант стигна на крајот од патот.

Веројатно најдобриот играч во историјата на Лос Анџелес лејкерс утре наутро ќе го одигра својот последен натпревар во кариерата, кога Лејкерс ќе ја пречекаат Јута.
Речиси пет месеци траеше прошталната турнеја на „црната мамба“ низ НБА караванот, од Западниот до Источниот брег, од Канада до Флорида.
Оние кои изминатите 20 години му свиреа поради многубројните забивања, дриблинзи и тројки (многу често со звукот на сирените) на кои им ги уништуваше тимовите, сега му аплаудираа, а многумина пуштија и солзи.
Момчето кое во НБА дојде на 17 години во сенката на Тим Данкан, заминува како единствениот кој е достоен да се спореди со Мајкл Џордан.

Најнови вести