Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2016

Хендикеп за Мемфис: Гасол потешко повреден

Центарот на Мемфис гризлис Марк Гасол ќе отсуствува извесен период поради фрактура на стапалото.

Репрезентативецот на Шпанија оваа сезона во просек забележа 16,6 поени со 7 скокови и 1,3 блокади, а се повреди на натпреварот против Портланд.
Се претпоставува дека Гасол поради повредата ќе отсуствува можеби и неколку месеци, што ќе му ги намали шансите да ја води репрезентацијата на Шпанија на Олимписките игри ви Рио.
Гасол во јули потпиша петгодишен договор вреден 90 милиони долари, по што минатата сезона стана прв играч во историјата на Мемфис кој е избран во стартната петорка на Ол-Стар натпреварот.

Најнови вести