Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
20.6.2016

Кралот Џејмс ја освои круната, Кливленд е шампион!

Кливленд кавалирс стана шампион во НБА лигата за прв пат во историјата на клубот и постигна историски пресврт против Голден стејт вориорс.

Тимот од Охајо славеше во Оукленд во седмиот натпревар од големото финале со 93:89, и така стана прва екипа која надополнила заостанување од минус два во финалето.
Беше вистинска драма во „Оракл арената“, од првата до последната минута, а натпреварот беше решен во последните 60 секунди, кога Кајри Ирвинг погоди тројка преку Стефен Кари за водството на својот тим од три поени (92:89). Шампионот не успеа да возврати на ист начин на другата страна, во голема мера благодарејќи и на одличната одбрана на Кевин Лав, а по половичниот резултат на Леброн Џејмс од линијата за фрлање, славењето можеше да започне.
Токму „Кралот“ уште еднаш беше најзаслужен за огромниот триумф на својот тим постигна 27 поени (8/19 за два, 1/5 за три поени), 11 скокови и 11 асистенции, три блокади и две украдени топки. Истовремено, освен тоа што го освоија првиот трофеј во историјата на франшизата, Кавалирс ја донесоа и првата титула во некој од професионалните спортови по 1964 година, кога во НЛФ го сторија тоа Кливленд браунс.
На актуелните шампиони за утеха им останува фактот дека со 73 победи и девет порази го соборија рекордот на Чикаго булс, по бројот на победите во регуларниот дел од сезоната, не помогна ниту спектакуларната партија на Демонд Грин. 
Грин во првото полувреме шутираше 5 од 5, додаде 21 од своите 32 поени (5/7 за два и 6/8 за три поени) пред да замине на одморот. Имаше 15 фатени топки, како и две украдени, а само едно успешно додавање го делеше да постигне трипл-дабл.
Најголемата поддршка Демонд ја имаше од Стефен Кари кој забележа 17 поени, но со очаен шут од игра (2/5 за два и 4/14 за три поени), со пет скока, две асистенции и четири загубени топки. Премногу не се истакна ниту Клеј Томпсон со 14 поени (4/7 за два поени и 2/10 за три), додека Харисон Барнс додаде десет поени.

Најнови вести