Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2016

Дивац го отпушти Карл

Сакраменто Кингс само еден ден по завршувањето на регуларниот дела на НБА сезоната му врачи отказ на тренерот Џорџ Карл.

Челниците на клубот од престолнината на Калифорнија се незадоволни со постигнатиот резултат на тимот кој не успеа да го обезбеди местото во плеј-офот. Карл го предводеше тимот на Сакраменто на 112 натпревари и оствари само 44 победи.
„Откако ги анализиравме резултатите на тимот оваа сезона одлучив дека мораме да продолжиме понатаму со нов тренер“, изјави генералниот менаџер на Сакраменто, Владе Дивац.
„Многу го почитуваме Карл и неговите достигнувања во речиси 30-годишната кариера во НБА лигата. Во името на Кингс му се заблагодарувам за неговото достигнување до сега и му посакуваме многу среќа понатаму“, се вели во клупското соопштение.
Сакраменто го зазема десеттото место во Западната конференција со 33 победи и 49 порази.

Најнови вести