Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2012

Валас ја завршува кариерата

НБА ветеранот Бен Валас одлучи да замине во пензија.

Кошаркарот на Детроит по шеснаесет години минати во најсилната лига во светот објави дека одлуката да ја заврши кариерата е конечна и дека сега ќе има повеќе време да му посвети на семејството.
„Воопшто немам намера да се премислам, ова е мојата последна сезона“, изјави триесет и седумгодишниот крилен центар.
Валас по завршувањето на студиите во „Вирџинија јунион“, дебитираше во дресот на Вашингтон, во ноември 1996 година, а подоцна играше и за Орландо.
Најголемиот успех го доживеа во дресот на сегашниот тим Детроит, со кого во 2004 година успеа да го освои шампионатот победувајќи ги Лос Анџелес лејкерс, предводени од Коби Брајант и Шекил О’Нил.

Најнови вести