Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2014

Лос Анџелес до победа со заборавено правило

Тимот од Лос Анџелес во еден момент остана со четири играчи на теренот, но по цена на техничка грешка, на паркетот го врати кошаркарот кој беше исклучен поради шест лични.

На паркетот во Кливленд се случи неверојатната ситуација и примената на заборавеното правило му помогна на Лос Анџелес да слави со 119:108!
Тимот од Лос Анџелес го искористи правилото за кое не ни знаеја ниту играчите, ниту тренерот, ниту медиумите, ниту поголемиот дел од јавноста. Само најзагрижените кошаркарски експерти знаеја за што се работи.
Очајната ситуација со повредени кошаркари ги доведе Лејкерс во ситуација мечот во Кливленд да го почнат само со осум играчи во составот. Потоа следуваше серија малери. Ник Јанг го повреди коленото во првото полувреме, а во четвртата четвртина се повреди и Џордан Фармар, додека Крис Кејмен мораше да оди надвор од игра поради шест лични грешки. Кога Роберт Сејкр на 3.32 до крајот на натпреварот го доби шестиот фаул, Лос Анџелес остана само со четворица на теренот и многумина мислеа дека тука му е крајот. Но, следуваше нешто неверојатно, бидејќи Сејкр остана на теренот, а Лејкерс добија техничка грешка.
Тренерот Мајк Дантони не ни знаеше за тоа правило, а ниту неговите играчи. Според правилата, играчот кој заработил шест лични може да остане на теренот ако екипата нема доволно играчи за петорка, со тоа што секој негов нареден фаул се пресудува како техничка грешка.
„Во најмала рака, можам да кажам дека беше интересно. Не знаев за правилото, но мило ми е дека постои“, изјави тренерот Дантони по натпреварот.
Преку „Твитер“ се јави и Пау Гасол:
„Никогаш претходно во кариерата не сум видел ваква ситуација. Не знаев за правилото“, изјави Гасол.
Лос Анџелес лејкерс на крајот славеа со разлика од девет. Фармар беше најефикасен во победничкиот тим со 21 поен, а Весли Џонсон постигна еден помалку. На Кливленд кавалирс не му помогнаа ниту 27-те поени на Си Џеј Мајлс. 

Најнови вести