Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2013

Нова повреда на Коби, нема да игра шест седмици

Коби Брајант, кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, ќе биде надвор од теренот шест седмици поради повреда на левото колено, објави неговиот клуб.

Брајант само пред десетина дена се врати на паркетот бидејќи од пролетоска беше надвор од акција поради повреда на Ахиловата тетива, а сега доживеа фрактура на фибијата.
Ѕвездата на Лејкерс веќе имаше проблеми со повреда на левото колено, поради што летоска беше на третман во Германија, додека закрепнуваше од многу потешката повреда која ја доживеа во април.
Повредата на Брајант, секако, ќе биде голем удар за Лејкерс, кои само што почнаа да се разигруваат по неговото враќање на теренот. По поразите во првите три натпревари, Брајант го предводеше Лос Анџелес до триумф над Шарлот бобкетс и Мемфис гризлис, но сега клубот нема да може да смета на него барем до втората половина на јануари.
Брајант се повреди во дуелот со Гризлис, кој е одигран ноќта меѓу вторникот и средата. Како што пренесува ЕСПН, тој фрактурата ја заработи во третата четвртина,што значи дека последниот период го одигра со тешка повреда, но тоа не му сметаше на својот тим да му донесе триумф со 96-92.

Најнови вести