Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2015

Коби Брајант се простува од кошарката на крајот на сезоната

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, одлучи по завршување на сезоната во НБА да го соблече дресот со бројот 24 и да замине во легендите.

Легендата на тимот Лос Анџелес лејкерс во НБА лигата, Коби Брајант, објави крај на својата професионална кариера. Тој ќе замине во кошаркарска пензија по завршувањето на сезоната поради тоа што неговото тело не е во добра форма по многубројните повреди.
„Од моментот кога почнав од чорапите на татко ми да правам топчиња и да шутирам замислени шутеви за победа, знаев само една работа - се заљубив во тебе. Љубовта е толку голема и затоа ти дадов сѐ, од мојот ум и тело до мојот дух и душа. Како шестгодишно момче се заљубив во тебе, никогаш не видов крај на тунелот, се гледав себеси само како трчам низ него. Само трчав, трчав само право и поминував бројни пречки низ сите терени, ја бркав секоја загубена топка поради тебе. Играв со многу пот и болка. Не затоа што имав предизвик, туку поради твојот повик. Правев сѐ за тебе, бидејќи тоа го правиш само поради оние кои се чувствуваш живо како што јас се чувствував. Му даде на едно момче да го живее својот сон во Лејкерси. Секогаш ќе те сакам. Но, не можам опсесивно да те сакам уште долго. Оваа сезона е сѐ што остана во мене. Моето срце може да прими уште удари, мојот ум може да издржи уште напори, но моето тело знае дека е време за збогум“, со овие зборови Брајант го најави збогувањето од кошарката и заминувањето во легендите.
Триесет и седумгодишниот Коби има професионален договор од 1996 година, а одигра само 41 меч од вкупно 164 за Лејкерс во изминатите две години поради повреди. Најтешката му беше на ахиловата тетива.
Тој  освои пет титули во НБА-лигата, една МВП на првенството, а исто така два пати е прогласен за МВП на финалната серија. Во ол-стар тимот на НБА-лигата се најде вкупно 17 пати.

Најнови вести