Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2013

Почина Џери Бас, творецот на Лејкерс

Џери Бас, сопственикот на Лос Анџелес лејкерс, умре во 80-тата година од животот, објави кошаркарскиот клуб.

Боб Стајнер, портпаролот на „езерџиите“, рече дека Бас починал вчера во болница во Лос Анџелес, каде што беше хоспитализиран поради канцер, а причина за смртта е откажување на бубрезите.
Бас во НБА-лигата беше сопственик со најдолг стаж, а клубот го доведе до десет титули. Тој го претвори Лејкерс во најпопуларен спортски клуб во Јужна Калифорнија и продолжение на холивудскиот гламур.
Клубот го купи во 1979 година и за време на неговиот мандат низ Лејкерс поминаа многу таленти и легенди на Лигата. Во 2010 година беше сместен во Куќата на славните.
Лос Анџелес лејкерс под водство на Бас освои пет титули во текот на ерата на шоу-тајм од осумдесеттите, како и уште пет во текот на 11-те години во коишто играше Коби Брајант.

Најнови вести