Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2016

Повеќе од ривали: Леброн го испрати Коби

Кошаркарите на Кливленд синоќа ги победија ЛА лејкерс со 120:111, а последен пат во кошаркарската кариера во Охајо настапи Коби Брајант.

Навивачите на Кливленд кавалирс, легендарниот играч на тимот од Калифорнија го пречекаа и го испратија со овации, а посебно емотивен беше деталот од финишот на натпреварот.
Во центарот на вниманието беа Леброн Џејмс и Коби Брајант.
„Постои огромно почитување меѓу нас двајца. Понекогаш не е потребно да се каже она што се знае. Секогаш му се восхитував на неговиот натпреварувачки дух. Остави многу за нашата кошарка“, изјави Леброн, кој по натпреварот ги доби на подарок патиките на ѕвездата на Лејкерс.

Најнови вести