Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2012

Почнува НБА спектаклот

По неколку месеци чекање, конечно пред нас е новата сезона на НБА-лигата, а со оглед на случувањата во текот на летото, веројатно ќе биде една од најдобрите во последните неколку години.

Титулата ќе ја брани Мајами хит, тимот кој ја заврши доминацијата на тимовите од Западната конференција, а нова ера подгтотвува Лос Анџелес лејкерс со Двајт Хауард.
Уште првиот ден има два големи натпревари, прво во реприза на минатосезонското финале на Источната конференција се сретнуваат Мајами хит и Бостон селтикс, а потоа Лос Анџелес лејкерс патот го почнуваат против Далас маверикс.

НБА-лига вторник/среда:
00.00 Кливленд кавалирс – Вашингтон визардс
01.00 Мајами хит – Бостон селтикс
03.30 Лос Анџелес лејкерс – Далас маверикс

Бранителот на титулата можеби ќе биде посилен од претходно бидејќи го доведе Реј Ален. Меѓутоа, нова ера на доминација најавува и Лос
Анџелес лејкерс со Двајт Хауард во главна улога.
Оклахома Сити тандерс го задржа нуклеусот на тимот, иако на местото на Харден стигна Мартин, Бостон селтикс и Сан Антонио спарс и понатаму остануваат на ветераните, Лос Анџелес клиперс демнат од друг план, додека ново име доаѓа од Бруклин.
Кого ќе гледаме во големото финале? Дали новата, 67-ма сезона на НБА-лигата ќе биде дуел меѓу „езерџиите“ и „жешките“, дали конечно во финале ќе ги гледаме Брајант против Џејмс, може ли Леброн да тргне по патот на Мајкл Џордан, може ли Коби да се изедначи со Мајкл Џордан, можат ли момците од Оклахома сити конечно да станат шампиони, колку може Чикако булс, има ли уште моќ во мускулите на ветераните од Бостон и Сан Антонио, дали Њујорк никс конечно ќе стане тим за победа? Одговорите на сите овие прашања ќе ги даде новата сезона која почнува вечерва!

Најнови вести