Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2012

Рубио ја заврши сезоната

Скинатите предни вкрстени лигаменти на коленото на Рики Рубио, главниот конкурент за титулата дебитант на годината во НБА, го пратија на пауза од кошарката, а крајот од сезоната ќе мора да го гледа пред малите екрани.

Луѓето од Минесота долго го чекаа овој кошаркар и сега кога сфатија дека имале право во тоа, ќе мора да се помират со фактот дека повторно ќе го чекаат. Рики беше една огромна сензација во досегашниот тек на шампионатот, а повредата со која се здоби на мечот со Лос Анџелес лејкерс е од многу потешка природа, потешка од очекуваната.
Ова ќе биде огромен хендикеп за тимот кој сериозно конкурира за разигрувањето, но и за шпанската репрезентација, бидејќи неговото појавување во Лондон ќе биде само туристичкo.

Најнови вести