Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2012

Мајк Дантони нов тренер на Лејкерс

Лос Анџелес лејкерс го именуваа Мајк Дантони за нов тренер и со него договорија четиригодишна соработка.

Лејкерс во текот на летото направи еден од најсилните тимови на лигата со стартната петорка: Неш, Брајант, Артест, Гасол, Хауард, но сезоната ја почна со 1-4, поради што експресно е отпуштен Мајк Браун.
Во меѓувреме „езерџиите“ забележаа две победи, па Дантони во соблекувалната на „Стејплс центарот“ ќе го дочека колку-толку добра атмосфера. Тој минатата сезона беше отпуштен од Њујорк никс.
Доаѓањето на Дантони по малку е изненадувачко, со оглед на тоа дека последните денови се шпекулираше за враќање на Фил Џексон во Лос Анџелес.
На крајот, сопственикот Џери Бас, потпретседателот Џим Бас и генералниот менаџер Мич Купчак едногласно заклучија дека Дантони е најдобар тренер за тимот во овој момент.
Американските медиуми, сепак, наведуваат дека Џексон бил главна желба на Лејкерс, но дека не можеле да се согласат да му дадат годишна плата од 10-15 милиони долари.
Со доаѓањето на Дантони најмногу ќе се израдува Стив Неш, кој со него соработуваше во Феникс санс.
„Сите знаат колку го сакам Мајк. Ако тој биде тренер, тоа би било одлично за мене, а мислам и за тимот“, рече Неш.

Најнови вести