Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2011

Коби Брајант во недела ќе игра фудбал со Гвардиола

Една од најдобрите фудбалерки на светот на сите времиња, пензионираната Американка Миа Хам, организира хуманитарен натпревар на кој во недела ќе настапат голем број познати личности.

Најинтересно е тоа што гледачите на стадионот „Кастл“ во Вашингтон ќе имаат шанса да ги видат фудбалските вештини на најдобриот кошаркар на денешницата, ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс Коби Брајант.

Познато е дека Брајант израснал во Италија, каде што се заљубил во фудбалот. Тој е голем навивач на Барселона и затоа сигурно ќе му биде многу мило што покрај него во Вашингтон ќе заигра и тренерот на каталонскиот гигант Пеп Гвардиола.

Освен споменатите двајца, на теренот, меѓу останатите, ќе се појави и кошаркарот на Бостон селтикс Џеф Грин, како и хокејашот на Вашингтон капиталс Џон Карлсон.

Братот на Миа Хам почина во 1997 година поради компликациите кои се појавија како резултат на апластична анемија, ретка болест од која боледуваше. Миа потоа ја формира фондацијата за помош на пациентите кои се борат против истата болест, а целиот приход од натпреварот во недела ќе биде наменет за нив.

Најнови вести