Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2016

Шамах во Кардиф

Мароканскиот фудбалер Маруан Шамах по четиримесечната пауза најде клуб и потпиша за велшкиот Кардиф.

Тој со членот на англиската Шампионат лига договори краткорочна соработка, само до јануари 2017 година.
Шамах во Кардиф доаѓа како слободен играч, откако во јуни беше отпуштен од премиерлигашот Кристал палас.
Овој 32-годишен напаѓач кариерата ја почна во францускиот Бордо, каде што во целост се афирмираше и го обезбеди големиот трансфер во Арсенал. Меѓу „топчиите“ не се снајде најдобро, па преку заемот во Вест хем стигна во Кристал палас во 2016 година.
За репрезентацијата на Мароко постигна 18 голови во 65 натпревари.

Најнови вести