Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2014

Кардиф: Кристал палас мамеше

Челниците на Кардиф тврдат дека Кристал палас мамел пред меѓусебниот натпревар на петти април за Премиер лигата да ја поништи победата на лондонскиот клуб.

Палас славеше со 3-0 во Велс, во дуел со директниот ривал за опстанок, а Кардиф ѝ се обрати на јавноста со писмо од пет страници упатено на Би-би-си.
Кардиф ги обвини Тони Пулис, менаџерот на Палас, и новиот спортски директор Ијан Муди дека се обидувале да го дознаат составот на велшкиот тим пред почетокот на натпреварот. 
Пулис одби да ги коментира овие тврдења, иако Палас ги демантираше. Кардиф очекува Премиер лигата да реагира поради ова и да ја поништи победата на Кристал палас.
Лондонскиот клуб синоќа неочекувано славеше во Ливерпул против Евертон со 3-2, па сега е 11-ти на табелата со 40 бодови, што, според мислењето на Пулис, би требало да биде доволно за опстанок во елитата.
Од друга страна, Кардиф е претпоследен со 29 бодови, три помалку од Норвич, кој е најблиску до сигурната зона.
Во следното коло Кардиф го дочекува Стоук, додека Палас гостува кај Вест хем.

Најнови вести