Корисничко име Лозинка Пријави се
29.12.2017

Венгер: Не се плашам дека ќе го изгубам Алексис

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека неговиот тим дошол до значајни бодови против екипата која е тешко да се совлада.

„Топчиите“ со голеадата на „Селхурст парк“ го совладаа Кристал палас со 3-2 и со тоа се изедначија со Тотенхем на петтата позиција, со по 37 бода.
„Во второто полувреме ни беше значително потешко, затоа што не ги користевме шансите и не постигнавме уште некој гол. Овде е тешко за секоја екипа. За да отидеш дома со трите бода, мораш многу да се намачиш“, изјави Венгер, кој против Палас го стигна Сер Алекс Фергусон по бројот на натпревари во Премиер лигата.
Најзаслужен за триумфот на „топчиите“ беше Алексис Санчес, со головите во 62-рата и во 66-тата минута. По првиот погодок, само неколку играчи славеа со Чилеанецот, што јасно зборува за тоа дека ситуацијата во соблекувалната не е многу добра и дека Алексис наскоро би можело да го напушти клубот.
„Ќе го повторам она што веќе го кажав. Не се плашам дека ќе си замине. Но, ситуацијата со неговиот договор е позната“, изјави Венгер.
На Санчес договорот му истекува налето и мала е веројатноста дека ќе го продолжи.
Во наредното коло, на 31-ви декември Арсенал ќе гостува кај екипата на Вест Бромич албион.

Најнови вести