Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Премиерлигашот Кристал Палас ќе и помогне на Шкендија

Ред Бул Салцбург веројатно ќе го игра двомечот со Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите без најдобриот напаѓач Мунас Дабур, а на помош на тетовци неочекувано ќе им се најде Кристал Палас

Дабур речиси сигурно ќе се пресели во редовите на англискиот премиерлигаш, кој веќе ги договорил условите со израелскиот репрезентативец, а зелено светло за трансферот има и од раководството на Салцбург.
Дабур, лани постигна 29 погодоци во сите натпреварувања за популарните „бикови“ од Салцбург, а и сезонава ја почна ефикасно, со два гола против Ласк во првото коло од австрискиот шампионат.
Можно е Дабур да го игра првиот меч против Шкендија, во Салцбург на 8. август и потоа да се пресели на „Селхрст Парк“, во редовите на Кристал Палас.
Заинтересирани за ангажман на 26-годишниот израелски напаѓач се и двете шпански екипи, Валенсија и Севилја.

Најнови вести