Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2018

Фламини по шестмесечна пауза потпиша за Хетафе

Матје Фламини, поранешниот фудбалер на Арсенал, по шест месеци без клуб, потпиша договор со Хетафе, соопшти шпанскиот клуб.

Французинот потпиша договор на 18 месеци и на тој начин ќе игра во четвртата од петте најсилни лиги.
Некогаш еден од најдобрите играчи за врска од задниот ред на светот во март ќе наполни 34 години, а паузираше од летоска, откако му истече договорот со Кристал палас.
Тој ги помина младите категории на Олимпик од Марсеј, за кого дебитираше во 2003 година и само по една сезона направи трансфер во Арсенал, каде што во првиот мандат, од 2004 до 2008 година настапи 102 пати, постигна седум гола и беше дел од тимот кој во 2006 година стигна до финалето на Лигата на шампионите.
Потоа направи трансфер во Милан, со кого ја освои титулата во Серија А, а во 2013 година повторно се врати во Арсенал и за три сезони два пати го освои ФА купот и еднаш Комјунити шилд. Претходната сезона ја помина во Кристал палас.
Во светот на фудбалот е познат по тоа што многу повеќе пари заработи од приватниот бизнис за производство на левилна киселина. За репрезентацијата на Франција одигра само три натпревари.

Најнови вести