Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2013

Кардиф го отпушти менаџерот

Шкотскиот стручњак Малки Мекеј е сменет од функцијата менаџер на премиерлигашкиот клуб Кардиф.

Позицијата на четириесет и едногодишниот тренер беше разнишана по јавниот судир со сопственикот на клубот Винсент Тан. Иако навивачите застанаа зад стручњакот кој го воведе клубот во елитната англиска лига, тоа не му помогна, па вчера клубот го потврди прекинот на соработката. Сопственикот на Кардиф, Тан, кој не е воопшто омилен кај навивачите, побара од Мекеј сам да се повлече, но шкотскиот стручњак тоа го одби, па на крајот доби отказ.
Клубот го остави на 16 место во Премиер лигата со 17 освоени бодови во 18 кола. На последниот натпревар доживеа убедлив пораз на домашен терен од Саутхемптон со 0-3.
Мекеј дојде во Кардиф во јуни 2011 година и го внесе во Премиер лигата, а пред тоа две години беше менаџер на Вотфорд.

Најнови вести