Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2014

Заха и Фабио позајмени во Кардиф

Вилфрид Заха, крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, остатокот на сезоната ќе го помине на заем во Кардиф.

Момчето кое е последно големо засилување на Алекс Фергусон не се снајде најдобро на „Олд Трафорд“, а во некои моменти се појави информацијата дека е во врска со ќерката на Дејвид Мојс, менаџерот на Јунајтед.
Дваесет и едногодишниот Англичанец се наоѓа на списокот со желби на Велшаните уште од октомври, но „црвените ѓаволи“ сè досега не дозволија играчот да оди на заем.
Крилниот фудбалер минатата недела беше бесен бидејќи клубот не му дозволи привремено да замине, па дури го напушти и тренингот, но доаѓањето на Хуан Мата ја промени ситуацијата.
Клучна улога во целата работа одигра легендарниот напаѓач од „Олд Трафорд“, а сега тренер на Кардиф – Оле Гунар Солскјер.
„Кардиф на Јунајтед ќе му плати милион и пол фунти, а ќе плаќа и добар дел од неговата плата од 36 илјади евра. Норвежанецот веќе доведе неколкумина Скандинавци во Велс откако стана тренер, а покрај Заха, на чекор од Кардиф е и братот близнак на Бразилецот Рафаел, Фабио.
Останува само тие двајца да ги поминат лекарските прегледи.
Заха оваа сезона само два пати влезе од клупата во шампионатот, додека редовно настапуваше за резервниот состав на Манчестер јунајтед. Ни Фабио не се наигра премногу, од почетокот на сезоната настапи само четири пати.

Најнови вести