Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2014

Оле Гунар Солскјер нов тренер на Кардиф

Премиерлигашот Кардиф од денес има нов тренер. Во прашање е 40-годишниот Норвежанец Оле Гунар Солскјер.

„Убиецот со детско лице“, како што го викаа Солскјер додека во играчките денови го носеше дресот на Манчестер јунајтед, конечно дојде во Премиер лигата. Долго се зборуваше дека некогашната норвешка фудбалска ѕвезда ќе преземе некој англиски клуб, а на крајот Солскјер заврши во Кардиф, каде што ќе го наследи Малки Мекеј.
Солскјер тренерската работа почна да ја извршува во резервната екипа на Манчестер јунајтед, а на таа должност беше од 2008 до 2011 година. Потоа се пресели во норвешкиот Молде, со кого два пати беше норвешки шампион и еднаш победник во Купот на Норвешка.
Кардиф моментно се наоѓа на 17-тото место на табелата, а Солскјер на новата должност може да дебитира во сабота, кога неговиот нов клуб гостува кај Њукасл, во натпреварот од ФА купот.

Најнови вести