Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2013

Белами се повлекува од репрезентацијата

Крег Белами, 34-годишниот напаѓач на Велс, објави дека ја завршува кариерата во дресот на репрезентацијата по квалификацискиот натпревар за Светското првенство следната недела против Белгија.

Играчот на Кардиф за Велс одигра 76 натпревари во кариерата и постигна 19 голови, а дебитираше против Јамајка во 1998 година.
„Играчите доаѓаат и си одат – и јас сум еден од нив. Треба да го направам она што е најдобро за националниот тим, а оваа група играчи се иднината на репрезентацијата“, изјави Белами.
Велс, кој не успеа да се квалификува за Мундијалот во Бразил, во петок, на 11-ти октомври, игра против Македонија.
Белами е трет велшки фудбалер во историјата со најмногу одиграни натпревари за репрезентацијата, а петти е по бројот на постигнати голови.
„Благодарен сум за секој натпревар кој сум го одиграл за Велс. Имав среќа што играв за својата земја“, изјави Белами.

Најнови вести