Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2016

Бејл: Не ни беше судено

Герет Бејл разочаран од поразот од Португалија во полуфиналето на ЕП, но горд на играта и постигнатиот успех на својот тим во Франција.

Португалија предводена од Кристијано Роналдо го совлада Велс со 2-0 во Лион, се избори за финалето кое ќе се одигра во недела во Париз.
„Добро ги затворија приодите кон голот. Ни ги ограничија шансите и заслужено победија. Не жалиме за ништо, ние сме горда нација и се гордееме со својот успех. Нормално дека сакавме да играме во финалето и да се бориме за трофејот, но не ни беше судено“, изјави Бејл. 
Велс одлично му парираше на ривалот во првото полувреме, но Роналдо и Нани во рок од три минути во второто полувреме го решија натпреварот.
„Роналдо е роден голгетер, повторно постигна гол. Не беа во прашање тие, туку ние. Разочарани сме но ќе закрепнеме. Го постигнаа првиот гол,а со многу среќа го дадоа и вториот. Се обидовме да се вратиме во натпреварот, се боревме до последната секунда и жал ми е што не се изборивме за финалето, но дадовме сè од себе“, додаде најдобриот стрелец на Велс.
Велс во Франција ги совлада селекциите на Словачка, Русија, Северна Ирска и Белгија, а освен Португалија го доби само Англија, во групната фаза.
„Тешко е сега било што да се анализира бидејќи сме многу разочарани. Мораме да бидеме горди на она што успеавме да го сториме. Дадовме сè од себе во и надвор од теренот. Се обидовме да уживаме во натпреварувањето. Им се заблагодарувам на навивачите кој беа апсолутно неверојатни. Ние сме горд тим кој ќе остане заедно и ќе го подигне духот и ќе започнеме од почеток. Никој не очекуваше да дојдеме до тука, затоа не жалиме за ништо, ќе продолжиме да се бориме“, заклучи Бејл.

Најнови вести