Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Парма била на чекор да го купи Роналдо

„Млекарите“ можеле да го купат Португалецот само за 12,5 милиони евра

Парма во летото 2003 година имала убава можност да го ангажира тогаш 18-годишниот Португалец Кристијано Роналдо, но финансиските проблеми на спонзорот „Пармалат“ го одвратиле претседателот Стефано Танци од намерата да плати 12,5 милиони евра за талентот на Спортинг Лисабон. 
Италијанскиот клуб не бил во можност да плати повеќе од 10 милиони. Последната понуда била 11 милиони, испратена на осми август. Откако Спортинг одби, Парма се откажа, Роналдо му беше понуден на Манчестер јунајтед и тој замина во Англија за 15 милиони евра, а останатото е историја. 
Доколку го купеа, веројатно повеќекратно ќе си ги вратеа вложените пари, но сега тоа е минато. Тоа лето Парма го продаде Адријан Муту во Челзи и во клубот беа задоволни од приливот, па не сакаа многу да трошат за да не го оптварат лимитираниот буџет. 
Сепак, во декември таа 2003 година „Пармалат“ пропадна, а Калисто Танци (таткото на претседателот на Парма) заврши во затвор. 

 

Најнови вести