Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2016

Тадиќ со маска против Ливерпул

Душан Тадиќ за англиските медиуми изјави дека најверојатно ќе биде подготвен за натпреварот против Ливерпул, но дека ќе носи маска.

Душан Тадиќ, најдобриот фудбалер на репрезентацијата на Србија во овие квалификации, доживеа фрактура на носот во натпреварот против Велс уште пред крајот на првото полувреме.
Не можеше да ги остави другарите на цедило, го продолжи натпреварот иако изгуби доста крв и имаше проблеми со видот.
„Не можев да дишам ниту нешто да работам. Можев да гледам малку, но не многу добро. Изгубив многу крв, но не можев да ги оставам репрезентативните другари на цедило“, изјави Душан Тадиќ.
„Шпанските судии имаа свој критериум, мислам дека на Велс повеќе му одговараше. Ударот што го примив беше баш тежок, но судијата донесе одлука. Не е наша работа сега да полемизираме околу тоа. По натпреварот се видов со Тејлор, ме праша како сум. Му реков дека сè е во ред“, изјави Тадиќ по натпреварот.
За крај, тој додаде дека би сакал да игра против Ливерпул.
„Ќе видиме, можам да носам маска“, изјави Тадиќ.
Натпреварот меѓу Саутхемптон и Ливерпул на програмата е во сабота, од 16 часот.

 

Најнови вести