Корисничко име Лозинка Пријави се
06.7.2016

Колмен: Навистина сме аутсајдери, но ќе се бориме

Селекторот на Велс Крис Колмен ја препушти улогата на фаворит на Португалија, но изјави дека неговиот тим максимално ќе се бори за пласман во финалето на Европското првенство.

„Навистина сме благи аутсајдери пред натпреварот. Моите играчи ги знаат квалитетите на противникот... Сепак, не треба да бидеме толку фини. Верувам во својот тим максимално бидејќи кога ќе излезат на теренот тие не се фолираат, туку излегуваат со голема желба да се борат за својата земја. Таква е ситуацијата од самиот почеток на квалификациите, а не само на ова првенство“, изјави Колмен. 
Колмен изјави дека е најважно што неговиот тим се држи до договорот од соблекувалната.
„Најважно е да го исполниме договорот. Мораме да се потпреме на сопствените квалитети, иако тоа не ни гарантира добар резултат“, изјави Колмен.
Тој додаде дека го радува доброто расположение кое владее во тимот.
„Работата која најмногу ме израдува оваа седмица е добрата атмосфера во тренинг кампот. Расположението е на високо ниво, а играчите комплетно им се посветија на подготовките за претстојниот натпревар... Прослава по Белгија немаше, веднаш започнавме да го анализираме следниот противник. Ќе видиме каде ќе нè одведе тоа“, изјави Колмен.
Селекторот на Велс за полуфиналето на континенталниот шампионат нема да може да смета на Арон Рамзи и Бен Дејвис.

Најнови вести