Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2018

Роналдо: Гол и три бода за Португалија, преубаво чувство

Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец на Светското првенство, по победата на Португалија над Мароко, изјави дека е среќен што неговата репрезентација се наоѓа на чекор од пласман во втората рунда.

„Знаевме дека ќе играме против тим кој сè ќе направи за победа. Почнавме многу силно и нивниот силен притисок многу нè изненади. Се браневме многу добро. Успеав да постигнам гол и со тоа ѝ помогнав на Португалија да дојде до трите бода. Среќен сум, тоа беше преубаво чувство“, изјави Роналдо по натпреварот.
Фудбалерите на Португалија ја остварија првата победа на Мундијалот откако во второто коло на групата Б го совладаа Мароко со 1-0.
„Се наоѓаме на чекор од тоа да ја поминеме групната фаза. Тоа ќе се види наскоро. Ајде да мислиме натпревар по натпревар и да видиме дали е можно да се помине групата“, додаде Роналдо.
Најдобриот фудбалер на светот за минатата година стана најдобар репрезентативен стрелец во историјата на Европа откако на натпреварот со Мароко го постигна 85-тиот гол.
Португалија во последното коло на групната фаза ќе игра против Иран. Натпреварот на програмата е на 25-ти јуни.

Најнови вести